📷 ПОЖАРОТ ВО ДОЈРАН СЕ ГАСИ СО ХЕЛИКОПТЕР Има опасност од експлозии на неексплодирани гранати
Во гаснењето на пожарот е вклучен еден хеликоптер во овој момент. Како што информираат од ЦУК леталото дејствува многу бргу, бидејќи брзо полни вода од езерото и ја исфрла врз запалената површина.
Од Центарот за управување со кризи информираат дека на почетокот на Стар Дојран од десната страна се одбранети куќите да не се запалат, но опасно е поради експлозии од неексплодирани гранати од минатите војни.
Попладнево има активен пожар во Стар Дојран каде беа зафатени и три куќи. Во гаснењето на пожарот е вклучен еден хеликоптер во овој момент. Како што информираат од ЦУК леталото дејствува многу бргу, бидејќи брзо полни вода од езерото и ја исфрла врз запалената површина.




 Инаку претходно беше извршена евакуација на граѓаните, засега нема повредени.
Инаку претходно беше извршена евакуација на граѓаните, засега нема повредени.
Според информациите, пожарот првично избил на депонијата, а поради ветрот се шири и кон градот.
Градоначалникот Анго Ангов вели дека овој пожар е подметнат.
– Апелираме за помош од Дирекцијата за заштита за и спасување, бидејќи досега не успеваме да се справиме со огнената стихија која под налетите на силниот ветрот се шири многу бргу. Пожарот најверојатно е подметнат, бидејќи на местото каде што гори пронајдевме канти од моторно масло – изјави градоначалникот Анго Ангов.
СЕ ЕВАКУИРААТ ЖИТЕЛИ НА ДОЈРАН Пожарот зафатил 3 куќи, депонијата била заклучена за пожарникарите
 
			