🎥 ИЛОН МАСК МИ СЕ ДЕРЕШЕ БИДЕЈЌИ ГЛАСОТ МИ БЕШЕ ПРЕТЕНОК Се огласи трансродовата ќерка на милијардерот
Трансродовата ќерка на Илон Маск, Вивијан Џена Вилсон, рече дека Маск не бил измамен и дека, откако првично се двоумел, знаел што прави кога се согласил на нејзината терапија за што била потребна согласност од нејзините родители.
Трансродовата ќерка на Илон Маск, Вивијан Џена Вилсон (20), во ексклузивно интервју за Ен-Би-Си њуз, одговори на коментарите на Маск во понеделникот за неа и за нејзиниот трансродов идентитет.
На социјалните мрежи и во интервју објавено на интернет, Маск рече дека бил „измамен“ да ѝ одобри медицински третман кога била 16-годишна.
Вилсон рече дека Маск не бил измамен и дека, откако првично се двоумел, знаел што прави кога се согласил на нејзината терапија за што била потребна согласност од нејзините родители.
– Неодамнешните изјави на Маск ја преминаа границата. Мислам дека тој претпоставувапе дека нема да кажам ништо и само ќе го пуштам ова да помине без одговор. Што нема да го направам бидејќи ако сакате да лажете за мене, на пример, отворено пред милионската публика, нема да дозволам тоа да ви помине – рече Вилсон во телефонско интервју.
Вилсон рече дека Маск не бил татко кој ја поддржувал. Дека ретко бил присутен во нејзиниот живот, оставајќи ги неа и нејзините браќа и сестри на грижата на нивната мајка или на дадилките, иако Маск имал заедничко старателство, а таа рече дека Маск ја прекорувал кога бил присутен.
– Беше студен. Тој многу лесно се лути. Тој е невнимателен и нарцисоиден – рече таа.
Вилсон рече дека, кога била дете, Маск ја малтретирал затоа што манифестирала женски особини, ја притискал да изгледа помажествено, и ѝ вршел притисок да го продлабочи гласот уште во основно училиште.
– Бев четврто одделение. Отидовме на патување за кое не знаев дека всушност е само реклама за еден од автомобилите, не се сеќавам кој, и тој постојано ми се дереше бидејќи гласот ми беше претенок. Беше сурово – рече таа.
View this post on Instagram