📷 ТРГНАЛЕ НА ИЛИНДЕНСКИ МАРШ, АМА ИМ ГИ УКРАЛЕ КОЊИТЕ Полицијата ги пронашла коњот Тошка и двајцата му другари на ливада во Кавадарци

Биле украдени три коњи од седиштето на Илинденскиот марш во Горно Лисиче. Се води истрага за да се дознае како коњот Тошка и уште два други коња стасале од скопско Лисиче во Кавадарци.

682

Коњи учесници во Илинденскиот марш кои претходно биле пријавени за украдени во Скопје, пронајдени се во Кавадарци.

Од СВР Велес денеска потврдија за МИА дека имаат евидентирано ваква пријава во кавадаречката полиција.






„Денеска 25.07.2024 во ОВР Кавадарци, И.Т. од Скопје пријавил дека на ливада во близина на улица Клинска во Кавадарци, ги пронашле коњите кои биле ангажирани за учество во Илинденскиот марш, за кои претходно во Полициска станица Аеродром во Скопје, било пријавено дека се украдени. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, се вели во писмениот одговор од портпаролката на СВР Велес, Биљана Ѓаковска.

Оваа фотографија МИА ја направи во паркчето спроти полицијата во Кавадарци, во централното градско подрачје.

Покрај коњот беа неколку лица. Едниот од нив ни се претстави како Игор Тасевски и рече дека е сопственик на еден од коњите што биле украдени, коњот Тошка.

– Всушност, беа украдени три коњи од седиштето на Илинденскиот марш во Горно Лисиче, пронајдени се во Кавадарци – рече тој.

Момче од Кавадарци сликало банкарски картички од сограѓани па им крадело од сметките, за ова попладнево информираа од СВР Велес.

Поврзани содржини