САМО ДА ЗАВРШИ ВОЈНАТА! Една третина од Украинците се подготвени на територијални отстапки кон Русија

Киевскиот меѓународен институт за социологија соопшти дека неговата анкета покажала дека 32% од испитаниците се согласуваат на некаков облик на територијални отстапки, во споредба со само 10% пред една година и 19% на крајот од минатата година.

918

Речиси една третина од Украинците би биле подготвени да прифатат некои територијални отстапки за Русија со цел брзо завршување на војната, што е повеќе од тројно зголемување во однос на минатата година, иако мнозинството сè уште одбива какви било отстапки, според анкета која беше објавена денеска.

Киевскиот меѓународен институт за социологија соопшти дека неговата анкета спроведена од 16 до 22 мај на територијата контролирана од Украина покажала дека 32% од испитаниците се согласуваат на некаков облик на територијални отстапки, во споредба со само 10% пред една година и 19% на крајот од минатата година.






Се наведува дека 55% од Украинците се уште се против какви било територијални отстапки.

Скоро 29 месеци од руската инвазија, Русија држи околу 18% од територијата на Украина, вклучувајќи го и полуостровот Крим што го анектираше во 2014 година.

Украинските војници годинава беа во дефанзива, соочени со руски воен напредок откако украинската контраофанзива минатата година не постигна значителни резултати, пренесува Политика.

Поврзани содржини