НА НИТУ ЕДНА ЧЛЕНКА НА АПИС НЕМА ДА Ѝ СЕ ОДЗЕМЕ ЛИЦЕНЦАТА Сите приредувачи на игри на среќа мора да работат по закон

209

Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа испрати рекација во врска со најавите на Министерството за финансии за одземање две лиценци поради неисполнување на законските обврски.

„Наш принципиелен став е дека сите приредувачи на игри на среќа мора да работат согласно сите позитивни законски прописи, и за ова не смее да се прави никаков компромис. Како претставници на светски реномирани компании од ЕУ, во нашето деловно работење секогаш се исполнуваат највисоките светски стандарди во оваа индустрија. Оттука, сакаме да потенцираме дека ниту една членка на нашата Асоцијација не е засегната од најавите на Министерството за финансии“, се наведува во реакцијата на АПИС.






АПИС ги поздравува напорите на Владата и на Министерството за финансии за расчистување на сите околности поврзани со причините за одземање на овие две лиценци за приредување игри на среќа, бидејќи тоа е во интерес на зачувување на кредибилитетот на целата индустрија.

Поврзани содржини