СРБИЈА ЌЕ ГО ЧИСТИ ДУНАВ ОД ПОТОНАТИТЕ ГЕРМАНСКИ БРОДОВИ ОД ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА Европската унија донира 16 милиони евра за извлекување на 21 брод

Не се знае бројот на потопени бродови, но се претпоставува дека биле околу 200. Тие биле потопени заедно со муницијата и товарот што го носеле повлекувајќи се кон Берлин  при крајот на војната.

257

Србија добива грант од 16 милиони евра од Европската унија за извлекување на бродовите на потонатата германска речна флота од Втората светска војна од Дунав кај Прахово, со што се очекува да се овозможи пловност на Дунав и во тој дел.

Грантот е дел од економскиот и инвестицискиот план за Западен Балкан, кој има за цел економско закрепнување и зголемена конкурентност и регионална интеграција.






Не се знае бројот на потопени бродови, но се претпоставува дека биле околу 200. Тие биле потопени заедно со муницијата и товарот што го носеле повлекувајќи се кон Берлин  при крајот на војната. Што има во бродовите освен муниција, не е познато.

Како што пренесоа српските медиуми,  министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ на потпишувањето на договорот за грантот изјавил дека прво е во план да се извадат остатоците од  21 брод кои се наоѓаат во пловниот дел на реката, а потоа ќе се разговара што ќе се случува со останатите.

Отстранувањето на првите четири брода ќе започне веднаш, а работата ќе биде  завршена до крајот на оваа година.

– Тогаш ќе зборуваме како да ги отстраниме останатите речиси 200 бродови, бидејќи нема точни податоци колку ги има. Она што беше проблемот, поради што сето тоа траеше толку долго, е што бродовите беа потонати заедно со муниција, гранати и сите други експлозивни направи, па беше неопходно да се испита секој брод и да се деминира дел од нив – изјави Весиќ.

Во периодот по војната се извадени само неколку бродови.

– Пред 80 години, кога сојузниците влегоа во Европа и кога Втората светска војна беше при крај, флотата на Црвената армија влезе во српскиот дел од Дунав, каде што ги чекала германската флота која се претпоставува дека броела повеќе од 200 бродови. Тогаш германскиот командант решил да ги потопи сите бродови, за да го запре напредувањето на советската речна флота, и на тој начин имало можеби најголемото речно тонење на бродови во Втората светска војна – појани Весиќ.

Потпретседателот на Европската инвестициска банка Роберт Де Грот  на потпишувањето на договорот истакна дека ги поддржува плановите на српската влада за зајакнување на речниот транспорт и додаде дека ја препознале важноста на овој проект, со цел да се олесни транспортот на Дунав.

– Во изминатите години веќе и дадовме 130 милиони долгорочни заеми на Владата на Србија за зголемување на капацитетот и подобрување на ефикасноста на внатрешниот воден сообраќај на Дунав и Сава во Србија – додаде тој.

Како што наведе, заедно со железницата, внатрешниот воден транспорт е всушност енергетски најефикасниот начин на транспорт кој испушта најмалку јаглерод диоксид по транспортиран тон.

 

 

Поврзани содржини