99 АЛБАНЦИ СЕ ПИШАЛЕ КАКО МАКЕДОНЦИ Стоилковиќ откри каков хаос владеел во министерството на Артан Груби

Од вкупно 294 вработени во министерството само петмина се Македонци, покажува увидот, 99 луѓе се декларирале како Македонци иако очигледно се од албанска националност, 184 лица кои не доаѓале на работа, ќе бидат дислоцирани од министерството до крајот на годината, истакна министерот Иван Стоилковиќ.

1,924

Принципот на правична застапеност воопшто не важел во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, што доскоро беше предводено од Артан Груби, открива новиот министер Иван Стоилковиќ.

Тој во интервју за „Канал 5“ ги покажа списоците на кои се гледа дека иако над 90% од вработените се Албанци, дел од нив се декларирале како Македонци за вештачки да се намали процентот.






– Од вкупно 294 вработени во министерството само петмина се Македонци, покажува увидот, 99 луѓе се декларирале како Македонци иако очигледно се од албанска националност, 184 лица кои не доаѓале на работа, ќе бидат дислоцирани од министерството до крајот на годината – истакна меѓу другото министерот Стоилковиќ.

Тој најави и посебна ревизија на сите кои биле вработени првично преку ова министерство, а потоа биле распределувани по останатите институции. Според проценките на Стоилковиќ се работи за повеќе од 3.000 вработувања.

Поврзани содржини