ФИЦО СЕ ОПОРАВИ ОД ПОВРЕДИТЕ ВО ОРУЖЕНИОТ НАПАД Словачкиот премиер се врати на должностите
Роберт Фицо беше тешко ранет на 15 мај во атентатот што му беше извршен по владината седница одржана во местото Хандлова.
Премиерот на Словачка, Роберт Фицо денеска учествува на владина седница, првпат по атентатот на 15 мај во кој беше ранет, јавија денеска словачките медиуми.
Според дневниот ред на седницата, Владата ќе се занимава со исполнување на целите на планот за економско закрепнување и повлекување на средствата од ЕУ.
Роберт Фицо беше тешко ранет на 15 мај по владината седница одржана во местото Хандлова, потсетува словачка новинска агенција.
На почетокот на оваа недела, Фицо учествуваше на комеморација по повод доаѓањето на византиските мисионери Кирил и Методиј во деветтиот век и гледаше жетвари додека работеа на полињата.