СОСТОЈБАТА Е АЛАРМАНТНА Новиот министер за правда Филков го посети затворот Идризово по вчерашниот инцидент

По извршениот претрес во одделението Амбуланта биле пронајдени 37 метални шипки, 21 дрвена рачка, 3 кабли, 12 штрафови, 15 ножеви, 4 штрафцигери, пластичен шприц со 2 игли, ножици, парчиња од скршено стакло и 3 полначи за мобилен телефон. При физичката пресметка предизвикана е поголема материјална штета.

626

Состојбата во затворите е алармантна, соопшти новиот министер за правда Игор Филков по денешната посета на затворот Идризово. Во затворот вчера се случи тепачка во која беа повредени припадници на затворската полиција и затвореници.

„Ресоцијализација и рехабилитација со лоши услови во затворите не може да има“, се вели во соопштението.






Во разговорот со директорот на затворот, Зоран Јовановски, министерот беше информиран за настанот како и за проблемите со кои се соочува установата, пренатрупаноста, немањето соодветни просторни услови за сместување, недостигот на медицински персонал и лица задолжени за ресоцијализација.

По извршениот претрес во одделението Амбуланта биле пронајдени 37 метални шипки, 21 дрвена рачка, 3 кабли, 12 штрафови, 15 ножеви, 4 штрафцигери, пластичен шприц со 2 игли, ножици, парчиња од скршено стакло и 3 полначи за мобилен телефон. При физичката пресметка предизвикана е поголема материјална штета.

„Во наредниот период потребно е да се донесат конкретни мерки за подобрување на состојбите и условите во затворите“, се вели во соопштението на Министерството за правда.

 

Поврзани содржини