ЕУ ОФИЦИЈАЛНО ОДОБРИ Украина и Молдавија ќе ги почнат преговорите, се знае точниот датум

Официјалното отворање на преговорите со Украина ќе се случи прво, во 15 часот и 30 минути, а потоа во Молдавија во 18 часот, се вели во пораката.

289

Европската унија на 25 јуни во Луксембург ќе ги почне пристапните преговорите со Украина и Молдавија. Преговорите ќе започнат преку две меѓувладини конференции, соопшти белгиското претседателство.

„Советот на ЕУ ги усвои општите позиции на ЕУ, вклучително и преговарачките рамки, за пристапните преговори со Украина и Молдавија“, се вели во пораката на Х, додавајќи: „Ова го отвора патот за започнување на преговорите во вторник, 25 јуни, во Луксембург.






Официјалното отворање на преговорите со Украина ќе се случи прво, во 15 часот и 30 минути, а потоа во Молдавија во 18 часот, се вели во пораката.

Европската комисија на 7 јуни препорача отворање на пристапните преговори со Украина и Молдавија, и оцени дека тие се доволно подготвени за формално отворање на процесот кој ќе доведе до членство во ЕУ.

Во случајот со Украина, дел од бараните реформи беа борба против корупцијата, деолигархизација и заштита на националните малцинства. Во меѓувреме, Молдавија ги исполни критериумите поврзани со судските реформи, деолигархизацијата и борбата против корупцијата. Украина и Молдавија поднесоа кандидатури веднаш по почетокот на руската инвазија и добија кандидатски статус во јуни 2022, добивајќи условно одобрување за почеток на преговорите.

Поврзани содржини