ЗЕМИ АМЕРИКАНЕЦ ЗА ДА ВИДИШ ШТО Е ПАСОШ Бајден ќе им додели државјанства на речиси 500.000 имигранти

Програмата ќе биде достапна за речиси 500.000 брачни партнери на американски државјани кои живееле во САД најмалку 10 години од 17 јуни, соопшти во вторникот Министерството за домашна безбедност.

385

Американскиот претседател Џо Бајден понуди пат до државјанство за стотици илјади илегални имигранти кои се венчани со американски државјани, што е сосема спротивно од плановите на неговиот републикански ривал Доналд Трамп кој се залага за масовни депортации, објави Еј-Пи њус.

Програмата ќе биде достапна за речиси 500.000 брачни партнери на американски државјани кои живееле во САД најмалку 10 години од 17 јуни, соопшти во вторникот Министерството за домашна безбедност.






Право на државјанство ќе имаат и речиси 50.000 деца под 21 година кои имаат родител кој има американско државјанство.

„Тоа ќе го промовира семејното единство и ќе ја зајакне нашата економија“, соопшти Белата куќа.

Бајден, кој бара реизбор во ноември, ја презеде функцијата ветувајќи дека ќе повлече многу од рестриктивните имиграциски политики воведени од неговиот претходник Трамп кој исто така бара враќање во Белата куќа. Но, соочен со рекорден број мигранти уапсени на границата со Мексико, Бајден го заостри својот пристап во последните месеци.

Бајден овој месец им забрани на повеќето мигранти кои ја преминуваат границата на САД со Мексико да бараат азил, што одговара на сличната забрана од ерата на Трамп што наиде на критики од застапниците за имиграција и некои демократи.

Новиот план на Бајден би можел да ја зајакне неговата предизборна порака дека поддржува похуман систем за имиграција и да покаже како тој се разликува од Трамп.

Програмата ќе им овозможи на сопружниците и на децата на државјаните на САД да аплицираат за постојан престој без да мора да ги напуштат САД, елиминирајќи го потенцијално долгиот процес и разделувањето на семејството. Доколку добијат зелени картони, би можеле да аплицираат за американско државјанство.

Луѓето, кои се сметаат за закана за јавната безбедност или, пак, имаат криминално минато, нема да имаат право на тоа.

Програмата ќе почне да се спроведува во наредните месеци, а повеќето од корисниците најверојатно ќе бидат Мексиканци, изјави висок претставник на администрацијата на Бајден.

Поврзани содржини