📷 „ТЕ САКАМЕ, ТАТО“ Новата фотографија направена од Кејт Мидлтон ги разнежи сите
По повод Денот на татковците во Велика Британија, на инстаграм-профилот на принцот и принцезата од Велс е објавена фотографија која ја сними Кејт Мидлтон.
По повод Денот на татковците во Велика Британија, на инстаграм-профилот на принцот и принцезата од Велс е објавена фотографија која ја сними Кејт Мидлтон.
„Те сакаме, тато. Среќен Ден на татковците. Џ, Ш и Л“, стои во описот на фотографијата на која принцот Вилијам ги прегрнува своите деца Џорџ, Шарлот и Луис на плажа. Фотографијата е направена оваа година од принцезата од Велс. Кејт Мидлтон повторно ги покажа своите фотографски вештини.
View this post on Instagram
Имено, ова е првпат децата на кралското семејство да се огласат на социјалните мрежи.
Инаку, Кејт завчера првпат се појави во јавноста откако објави дека има рак. Принцезата од Велс присуствуваше на традиционалната парада „Trooping the Colour“, во придружба на децата и принцот Вилијам.
„Trooping the Colour“ ја одбележува роденденската забава на монархот, а принцезата учествуваше во поворката со кочија со своите деца.
Принцезата од Велс која поради болеста отсуствуваше од јавните настани уште од декември, блесна на терасата на Бакингемската палата со семејството и ја направи посебна прославата по повод роденденската парада на кралот, како што најави и претходно.