ЕДЕН ГО ТЕПАЛ, ДРУГ ГО СНИМАЛ! Малолетник нападнат во Аеродром
Родителот на малтретираното дете го пријавил инцидентот во полиција.
Малолетник бил нападнат и физички малтретиран од наколку други малолетници. Додека другите го тепале, еден од напаѓачите снимал со мобилен телефон. Родителот на малтретираното дете го пријавил инцидентот во полиција.
„С.А. (51) од Скопје во СВР Скопје вчера пријавил дека на 13 јуни на подрачјето на општина Аеродром, неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку други малолетници, од кои еден од нив снимал со мобилен телефон“ – стои во известувањето од МВР.