УБИСТВО ВО СУПЕРМАРКЕТ ВО ГРЦИЈА Вработените преплашени, муштериите испаничени

Според првите информации, дошло до тепачка меѓу тројца државјани на Турција, а муштериите кои се нашле во продавницата почнале панично да бегаат. Жртвите од судирот не се идентификувани.

913

Во супермаркет во Пиреја, Грција, едно лице загинало во пукање, а друго е повредено, поради што итно е пренесено во болница, пренесува „Прототема“.

Полицијата го привела осомничениот.






Според првите информации, дошло до тепачка меѓу тројца државјани на Турција, а муштериите кои се нашле во продавницата почнале панично да бегаат. Жртвите од судирот не се идентификувани.

– Слушнавме два истрели. Видовме вработени како трчаат и викаат полиција. Клиентите трчаа во паника. Бевме преплашени, мислевме дека се работи за терористички напад – изјавиле очевидци.

Двајца турски државјани влегле во продавницата и се упатиле кон делот за овошје и зеленчук. Трет човек веднаш влегол зад нив и извадил пиштол и почнал да пука.

Поврзани содржини