И МЕРКО ЌЕ ИМА МЕДИЦИНСКИ ФАКУЛТЕТ Неговиот сопартиец Шаќири утврдил дека се исполнети условите

461

Меѓународниот универзитет во Струга, зад кој стои струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, добива нова образовна гранка, Факултет за здравствени науки. Вакво решение донел министерот за образование и наука во заминување Јетон Шаќири, кој по потекло е од Струга и е сопартиец со Мерко во ДУИ, објави порталот СДК.мк.

Министерството за образование и наука утврдило дека се исполнети условите за почеток со работа на Факултетот за здравствени науки при Меѓународниот Универзитет во Cтруга. Позитивно мислење дале Агенцијата за квалитет на високо образовани и Одборот за акредитација.






Мерко од лани на 20 јуни, е на црната листа на Стејт департментот поради вмешаност во корупција.

 

Поврзани содржини