🎥📷 СКАНДАЛ ВО ЛОНДОН Активисти за заштита на животните го уништија првиот официјален портрет на кралот Чарлс
Активистите ја покриле главата на кралот со фигура на цртаниот лик Валас од британската анимирана серија Валас и Громит, а потоа на сликата залепиле порака за суровоста кон животните на британските фарми.
Активисти од групата за права на животните Animal Rising го уништија првиот официјален портрет на кралот Чарлс, кој моментално е изложен во лондонската галерија „Филип Молд“.
Активистите ја покриле главата на кралот со фигура на цртаниот лик Валас од британската анимирана серија Валас и Громит, а потоа на сликата залепиле порака на која пишува: „Нема сирење Громит, погледнете ја сета оваа суровост на фармите на Кралското друштво за спречување на суровост кон животните (RSPCA)“.

Акцијата е осмислена да го привлече вниманието на новиот извештај објавен од Animal Rising во неделата, кој истражуваше 45 фарми чии стандарди за благосостојба се гарантирани од RSPCA.
RSPCA ветува дека животните на заштитените фарми добиваат повеќе простор за живеење и никогаш не се чуваат во кафези. Animal Rising, пак, наведува дека на сите фарми што ги посетиле констатирале „сериозна суровост кон животните“.
‼️BREAKING: No Cheese Gromit! King Charles Portrait Redecorated‼️ @RoyalFamily
‼️Find out why King Charles, Patron of the RSPCA should ask them to drop the Assured Scheme -> https://t.co/pTneW0QCWf 👈 pic.twitter.com/jYLHFuxtHB
— Animal Rising (@AnimalRising) June 11, 2024
Минатиот месец, кралот Чарлс стана кралски покровител на RSPCA.
Во изјава за британскиот весник Телеграф, активистот на Animal Rising објасни зошто „го нападнале“ портретот на кралот Чарлс.
– Бидејќи кралот Чарлс е толку голем обожавател на Валас и Громит, не можевме да смислиме подобар начин да го привлечеме неговото внимание на ужасните сцени на фармите RSPCA! Иако се надеваме дека оваа е забавно за Неговото Височество, ние исто така го повикуваме сериозно да размисли дали сака да биде поврзан со ужасните страдања на фармите – изјави активистот од Animal Rising.
Сопственикот на галеријата каде што е изложен портретот изјави за Си-Ен-Ен дека сликата не е неоштетена и дека таа е заштитена со слој Перспекс, проѕирна термопластика.
Сликата, која е првиот официјален портрет на кралот Чарлс како монарх, предизвика вознемиреност во јавноста кога беше официјално претставена претходно оваа година.
King Charles first official portrait is vandalised by animal rights activists: Two Animal Rising protesters cover monarch’s face with Wallace and Gromit image and stick on speech bubble message about ‘cruelty on RSPCA farms’ https://t.co/2rjXuv3VYv
— 𝓒𝓸𝓷𝓼𝓮𝓻𝓿𝓪𝓽𝓲𝓿𝓮𝓓𝓲𝓿𝓪™ (@1776Diva) June 11, 2024
Уметникот Џонатан Јео го прикажа кралот на позадината на темноцрвени удари со четка, што предизвика различни реакции во јавноста.
Кралицата Камила, наводно, имала внимателен одговор кога првпат го видела портретот, велејќи му на Јео: „Да, си го доловил“ пренесува Би-Би-Си.