📽 📷 МАГИЧНА СВАДБА И ВИКЕНД СО СЕМЕЈСТВОТО Јелена откри што прави Новак по операцијата
Првата фотографија од познатиот тенисер Новак Ѓоковиќ, по онаа на патерици по операцијата, покажа дека ужива во неочекувано слободно време со семејството.
Познатиот тенисер Новак Ѓоковиќ, по повлекувањето од Ролан Гарос и по операцијата на медијалниот менискус на коленото, реши да го помине времето со семејството, а неговата сопруга Јелена откри што прават.
Српскиот тенисер мораше да се повлече по победата над Франциск Серундола во четвртото коло и оттогаш одлучи да не се појавува во јавноста.
Првата фотографија од него, по онаа на патерици по операцијата, покажа дека ужива во неочекувано слободно време со семејството.
„Магична свадба и викенд со семејството“, напиша Јелена.
На видеото се гледаат деца како возат велосипед, но има и фотографија со Новак која покажа колку всушност уживаат во овие моменти.
Тие биле гости на свадба.
View this post on Instagram