ДОНЧИЌ НЕ МОЖЕ СÈ САМ! Трипл-дабл на Словенецот, но и втор пораз на Далас во финалето на НБА

Во втората средба од големото финале на најсилната кошаркарска лига во светот, Бостон го победи Далас со 105:98 и поведе со 2-0 во финалната серија која сега се сели во Далас.

171

Кошаркарите на Бостон се чекор поблиску до нова шампионска титула во НБА лигата, откако по два натпревари на домашен терен против Далас водат со 2-0 во финалната серија. Во втората средба од големото финале на најсилната кошаркарска лига во светот, Селтикси триумфираа со 105:98 и се полни со самодоверба пред продолжението на серијата која се сели во Далас.

На навивачите на Далас им падна камен од срцето кога  видоа дека на теренот се појави Лука Дончиќ, кој беше неизвесен поради повреда на градниот кош, па се надеваа дека со Словенецот во тимот ќе успеат да направат брејк, но тоа не се случи.






Првата ѕвезда на тимот од Тексас постигна 32 поени и имаше 11 скока и 11 асистенции, со што Дончиќ стана првиот играч во историјата на овој клуб со трипл-дабл учинок во финалето. Сепак, тоа не беше доволно за победа на Далас против Бостон, со оглед на тоа што Пи Џеј Вашингтон и Кајри Ирвинг заедно постигнаа само 3 поени повеќе од Дончиќ. Првиот постигна 17 поени, а вториот 16 поени.

Со двоцифрен учинок во гостинскиот тим беше само уште Даниел Грифин кој запиша 13 поени, што сепак беше премалку за НБА финале.

Од друга страна, 5 играчи на Селтикс постигнаа двоцифрен број на поени, а најуспешен беше Џру Холидеј со 26, на кои додаде 11 асистенции и 9 скока.

Третиот натпревар од финалната серија на НБА лигата се игра во Далас, ноќта меѓу среда и четврток во 02.30 часот по средноевропско време.

Поврзани содржини