🎥 СИЉАНОВСКА ДАВКОВА МУ ГО ВРАЧИ МАНДАТОТ НА МИЦКОСКИ Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ има 20 дена за да ја формира Владата

Чест ми е и задоволство со сигурност да верувам дека доделувањето мандат на Христијан Мицкоски е вистински правен и политички чекор, изјави Гордана Сиљановска Давкова.

1,075

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска точно напладне во вилата на Водно го додели мандатот за формирање влада на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој по изборите на 8 мај обезбеди парламентарно мнозинство со коалицијата Вреди и Движењето ЗНАМ.

– Дозволете ми да почнам со правни аргументи. Согласно членот 84 став 1 алинеа 1 во Уставот, една од надлежностите на претседателот  е доделување мандат за формирање нова Влада. Чест ми е и задоволство со сигурност да верувам дека доделувањето мандат на Христијан Мицкоски е вистински правен и политички чекор – изјави Сиљановска Давкова.






Со врачувањето на мандатот почнуваат да течат 20 дена за формирање нова Влада.

ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори на 8-ми мај освои 58 мандати, коалицијата ВЛЕН 14, а ЗНАМ 6 мандати. Од партијата на Мицкоски посочуваат дека новата Влада ќе биде формирана согласно со уставните рокови.

Поврзани содржини