СЕЛА ЈА УТНА СТРАНАТА, ПА СЕГА ДРУГ МУ Е КРИВ Броењето ресори со кои раководат Албанци не донесе ништо добро за нашата кауза, велат од Беса

2,637

Зијадин Села се обидува да изгради алиби пред своите зашто ја утна страната, и наместо да биде победник остана со губитниците, реагира Движењето Беса откако Алијанса на Албанците ја обвини Коалицијата „Вреди“ дека само за да учествува во власта прифатила најмалку министерстки позиции досега.

„Броењето ресори со кој раководат Албанци е концепт кој не донесе ништо добро за нашата кауза. Напротив, благодарение на политичката корупција на режимот на ДУИ, чии функционери ги гледаа ресорите како алатки за богатење наместо да бидат сервис на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ на овие избори освои 58 пратеници и преговара од позиција на апсолутен победник во македонскиот политички блок. „Вреди“ добива исклучително важна политичка одлука во новата Влада и ќе обезбеди сигурна иднина за албанскиот народ. Ќе го води Собранието на РСМ и 6 министерски ресори, а има и целосен легитимитет од Албанците. Времето на национални понижувања заради задоволување лични амбиции и суети завршува. Кој разбере сега добро, кој нема да разбере ќе му се појасни на локалните избори, кога ќе излезе на мегдан пред гласачите без злоупотреби на институциите на извршната власт“, се наведува во реакцијата на Беса.






Алијанса на Албанците претходно соопшти дека во текот на овие три децении, Албанците во Македонија воделе најмалку 5 од 15 министерства/ресори, односно 6 од 15 министерства/ресори и на крајот 8 од 16 министерства/ресори (без да се споменуваат министрите без ресор и вицепремиери).

„Се случува за прв пат Албанците да водат само 4 министерства/ресори во најавената влада од ВМРО-ДПМНЕ- Вреди, и тоа 4 од 16 министерства. Уште полошо, ќе направат законски измени за да бидат 4 од 19, што ќе биде политичко-институционално егзекутирање на Албанците во РСМ. Нема ресор Министерство за интеграции, ниту Министерство за политики за добро владеење. Ке има двајца министри без ресор, кои ќе имаат околу 5 вработени, еден возач и еден фотограф“, беше наведено во соопштението на Алијанса на Албанците.

Поврзани содржини