🎥 „ВИ ГО ЧЕСТИТАМЕ ДЕНОТ НА БУГАРСКАТА ПРОСВЕТА“ Празнична провокативна забава во бугарскиот клуб „Иван Михајлов“ во Битола
Од објавите на Фејсбук страницата на клубот може да се забележи дека речиси триесетина млади хористи од Бугарија настапиле во клубот на улицата Рузвелтова, а меѓу гостите покрај раководството на сега згаснатиот клуб, претседателот Љупчо Георгиевски и други истакнати членови, бил и генералниот конзул на Бугарија во Битола, Николај Димитров.
Бугарскиот клуб „Иван Михајлов“ во центарот на Битола продолжи да работи и да организира настани и покрај тоа што овој клуб е избришан од Централниот регистер.
Сепак, тоа не ги спречи членовите на клубот да организираат прослава за време на празникот посветен на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, дента на 24 мај.