📷 СТРИПТИЗЕТА СЕ МАЖИ ЗА СИН НА РУСКИ ОЛИГАРХ, НЕГОВОТО СЕМЕЈСТВО НЕ ОДОБРУВА Комедијата „Анора“ ја освои Златната палма во Кан

Романтичната драмедија „Анора“, на Шон Бејкер од Њујорк, ја освои главната награда на Канскиот филмски фестивал, Златната палма. Победата беше реализација на она што Бејкер рече дека е негова „единствена цел како филмаџија во изминатите 30 години“.

1,128

Главната награда на 77. Меѓународен филмски фестивал во Кан, Златната палма, ја освои филмот „Анора“ во режија на Шон Бејкер.

Филмот е комична, но и запрепастувачка одисеја за сексуална работничка што се мажи за син на богат руски олигарх. Бејкер ја прими наградата.






Романтичната драмедија „Анора“, на Шон Бејкер од Њујорк, ја освои главната награда на Канскиот филмски фестивал, Златната палма. Ова беше втор пат за Бејкер во конкуренција, по Црвената ракета од 2021 година, а победата вечерва беше реализација на она што Бејкер рече дека е негова „единствена цел како филмаџија во изминатите 30 години“.

Анора ја глуми Мајки Медисон како стриптизета од Бруклин, која се трансформира во модерна Пепелашка кога ќе запознае син на руски олигарх. Компликациите настануваат кога неговите родители дознаваат и се обидуваат да го поништат бракот.

Во својот говор, Бејкер ја посвети наградата „на сите сексуални работници во минатото, сегашноста и иднината“, и ја изрази својата поддршка за театарската дистрибуција: „Иднината на киното е таму каде што започна – во кино“.

Фото: Инстаграм

Најдобар режисер е Мигел Гомес за филмот „Гранд тур“.

Најдобар актер е Џеси Племонс за улогата во „Видови љубезност“ на Јоргос Лантимос, а за најдобри актерки се наградени Адријана Пас, Зое Салдана, Карла Софија Гаскон и Селена Гомес за филмот „Емилија Перес“ во режија на Жак Одиар.

Фото: Инстаграм

„Сè што замислуваме како светлина“ на Пајал Кападија, првиот индиски филм што играл во Канскиот натпревар по 30 години, освои Гран-при.

– Жените честопати се спротивставуваат една на друга, ова е начинот на кој е дизајнирано општеството, што е многу жално. За мене пријателството може да доведе до поголема инклузивност и емпатија, кои се вредности кон кои сите треба да се стремиме – рече Кападија.

Сместен и снимен во Мумбаи, „Ол ви имеџин ес лајт“ следи две медицински сестри кои живеат заедно и кои тргнуваат на патување во град на плажа.

Фото: Инстаграм

Наградата за најдобро сценарио му припадна на хоророт на Корали Фаргит, „Д сапстанс“, а Ева Грин, член на жири комисијата, ја опиша режисерката како „храбра и прекрасно застрашувачка“.

Француската режисерка Фаргит ја прифати наградата на англиски јазик, велејќи: „Филмот е за жените и она што жените сѐ уште можат да го искусат во светот и како насилството е сѐ уште присутно… Мислам дека ни треба револуција и мислам дека сѐ уште навистина не започнала, па ајде да започнеме сѐ заедно“.

Повеќекратниот добитник на Канската награда Жак Аудиар ја освои наградата на жирито за неговиот музички трилер на шпански јазик, „Емилија Перес“.

Поврзани содржини