НА ВАКВИ ПЛАТИ НЕМА ПОТРЕБА ДА СЕ ИСПЛАЌААТ ПАТНИ ТРОШОЦИ Пратениците на Левица и во новиот мандат нема да користат бенефиции

Левица во врска со високите износи за патни трошоци  на пратениците уште во 2021 година предложи Закон за драстично намалување на патните трошоци на „народните избраници". Овој предлог - закон беше одбиен од останатите пратеници.

763

Пратениците на Левица најавуваат дека и во овој мандат како и во изминатиот нема да земат ниту денар за патни трошоци, откако вчера беше објавено дека само минатата година собранието исплатило 366.000 евра за патни трошоци на пратениците.

– На вакви плати нема никаков основ да се исплаќаат средства за патни трошоци. Тоа е и програмска заложба на Левица – патните трошоци да бидат укинати – изјави пратеникот Борислав Крмов за ТВ Стар.






Левица во врска со високите износи за патни трошоци  на пратениците уште во 2021 година предложи Закон за драстично намалување на патните трошоци на „народните избраници”. Овој предлог – закон беше одбиен од останатите пратеници.

Дали повторно ќе ја активираат идејата за намалување на патните трошоци, засега не се знае, но од партијата потсетија дека и во веќе истечениот мандат пратениците на Левица – Борислав Крмов и Димитар Апасиев, не зеле ниту денар патни трошоци.

– Пратениците на широката коалиција ДПМНЕ-СДС-ДУИ како и „Албанската опозиција” само во 2023 година сложно имаат украдено од народниот буџет 366.000 евра во име на фамозните „патни трошоци”. Наспроти нив, пратениците од редовите на Левица, Борислав Крмов и Димитар Апасиев, во својот мандат заедно имаат земено 0 денари за патни трошоци – велат од партијата..

Левица на последните парламентарни избори одржани на 8 мај освои 6 пратенички мандати. Во собраниските клупи ќе седнат Димитар Апасиев, Реџеп Исмаил, Амар Мециновиќ, Борислав Крмов, Сашко Јанчев и Јована Мојсоска

Поврзани содржини