Крикот на одродените Македонци
Како е возможно возрасни личности да излезат пред камера и да испрдат такви блуеници, во кои се наѕира нивната ужаснатост од изговореното име: Македонија?!
Не можам да се изначудам.
Знам дека секогаш кога мислиш дека си видел сѐ, реалноста повторно те уверува дека не е така – и не можам, не можам, не можам да се изначудам на умот на луѓе кои, при здрава свест и разум, со немал број години, излегуваат на телевизија и те убедуваат дека:
Не смееш да изговориш Македонија!
Да изговориш. Да кажеш. Да отвориш уста, да излезе воздух и глас и да се чуе:
Македонија!
Странците, научени и навикнати на бескичмењаците, можам бар малку да ги разберам зошто се обидуваат да го забранат изговарањето Македонија. Свикнале да удираат каде што е најтенко. Каде што виткале кичма од влез на вратата, кога оделе „кон големата маса“. Ме ожалостува впечатокот каква надоврешна политика зад светлата и за камерите се водела, кога сме дошле во една ваква состојба.
Но, домашната раја не можев да ја сфатам.
Никако не ми влегуваше во глава како е возможно возрасни личности да излезат пред камера и да испрдат такви блуеници, во кои се наѕира нивната ужаснатост од изговореното име:
Македонија!
Сѐ додека не се присетив дека најголемите „Грци“ и „Бугари“ се одродените Македонци.
И после сите овие реакции, останува реторичкото прашање:
Нели го заштитивте идентитетот ко бетон, а, папаци?
(Фејсбук статус на авторот)