ИСЧЕЗНАТ, ПА ПРОНАЈДЕН МРТОВ Дедо Јане пронајден по неколку дена потрага на Осогово
По повеќедневна потрага, безживотно тело на исчезнатиот повозрасен маж е пронајдено во планински предел, потврдуваат локалните извори.
По повеќедневна потрага, дедо Јане од селото Јастребник е пронајден починат на планината Осогово, потврдуваат извори од терен.
Тој бил пријавен за исчезнат, по што во изминатите денови се спроведувала интензивна потрага по него во поширокиот планински регион.
Според првичните информации, починатиот боледувал од деменција, што дополнително ја отежнувало потрагата и неговата ориентација во просторот.
Надлежните служби извршиле увид на местото на настанот, а телото ќе биде предадено на обдукција по наредба на јавен обвинител, со цел да се утврдат сите околности за смртта.
Повеќе детали се очекуваат во текот на денот.