ИРАН ГО ОТВОРА ОРМУЗ, САД ГО ТРГНУВААТ ПРИТИСОКОТ Договор што може да ја смени енергетската мапа

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи, вели дека преговорите вклучуваат укинување на блокадите и условно олеснување на економските мерки, додека Вашингтон потврдува дел од договореното.

71

Договорот со САД за прекин на конфликтот во Иран е блиску и вклучува повторно отворање на Ормускиот Теснец, изјави иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи.

Тој за иранската телевизија изјави дека договорот исто така вклучува укинување на американската блокада на Иран, но дека разговорите за иранската нуклеарна програма ќе почнат подоцна.






Би-Би-Си пренесува дека американски функционери потврдиле дел од деталите на договорот. Според нив, економските придобивки за Иран ќе зависат од тоа дали Техеран ќе ги исполни своите обврски.

Арагчи рече дека постојат „и поддржувачи и противници“ на најновите услови од договорот меѓу официјалните лица на Врховниот совет за национална безбедност.

– Мораме да почекаме. Ако биде одобрен, договорот ќе биде потпишан на далечина – додаде тој.

Поврзани содржини