📽️ 📷 ПАРИС ХИЛТОН И МИА КАЛИФА ГО ЗАПАЛИЈА СТАДИОНОТ Победа на САД, но шоуто го украдоа Бекам, Том Круз…

САД го отворија Мундијалот 2026 со убедлива победа над Парагвај, но вистинското шоу се случи на трибините каде присуствуваа Том Круз, Дејвид Бекам, Парис Хилтон, Миа Калифа и бројни светски ѕвезди од шоу-бизнисот.

0

Спектакуларно беше отворањето на настапот на репрезентацијата на САД на Светското првенство 2026, откако домаќинот убедливо го совлада Парагвај со 4-1 пред преполниот стадион „Софи“ во Лос Анџелес.

Настанот не беше само спортски натпревар, туку и вистински спектакл кој ги собра најголемите имиња од светот на шоу-бизнисот, филмот и музиката, претворајќи го стадионот во глобална сцена на гламур и спорт.






На трибините, предводени од Том Круз и Дејвид Бекам, беа забележани бројни светски познати личности, меѓу кои Џорџ Лукас, Бред Пит, Хали Бери, Софија Вергара, Роб Лоу, Овен Вилсон, Винс Вон и Џејми Фокс.

 

Особено внимание привлече појавувањето на Парис Хилтон и Миа Калифа, кои со својот изглед и присуство буквално го „украдоа шоуто“ и станаа една од главните теми на вечерта.

Пред почетокот на натпреварот, публиката ја поздрави и актерот Џејсон Судекис, ѕвездата на серијата „Тед Ласо“ и официјален амбасадор на Мундијалот, кој доби громогласни овации.

 

Музичкиот дел од церемонијата го одбележа настапот на Кејти Пери, која во впечатлив сребрен костим испрати пораки за единство и глобална поврзаност. На сцената настапија и Фјучр, Тајла, Лиса, Анита и Рема.

Посебен впечаток остави изведбата на песната „Game Time“, проследена со кореографија со златни фудбалски топки, која ја крена атмосферата на стадионот на највисоко ниво.

Поврзани содржини