ФАЛСИФИКУВАЛ ЕВРА, ПА ОТИШОЛ ДА СЕ КОЦКА Полицијата уапси кичевец во казино во Охрид
Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Дваесет и осумгодишниот Р.Б. од кичевското село Долно Страгомиште вчера во 3.00 часот е уапсен од полицијата во казино на булеварот Туристичка во Охрид.
Полицијата соопшти дека тој се сомничи дека во оптек пуштил лажни евра кои сакал да ги прикажи како вистинити, со што сторил кривично дело „фалсификување пари“, според член 268 од Кривичниот законик.
Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.