НА СОВЕТНИКОТ НА ТОШКОВСКИ НЕ МУ БИЛО ДОЗВОЛЕНО ПРИСУСТВО ВО ШТАБОТ ВО ТЕТОВО Внатрешна контрола ќе ги утврдува деталите

274

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски потврди дека на советник од неговиот кабинет, упатен со писмена наредба, не му било дозволено присуство во рамки на оперативниот штаб на СВР Тетово и најави дека ќе се преземат сите соодветни мерки, согласно Закон за Влада и можностите во рамки на МВР.

– Согласно информациите кои ги имам, постапено е од страна на началникот на СВР Тетово, по добиена наредба од директорот на БЈБ, но дали е така или како конкретно e постапено не би сакал сега да навлегувам во детали. Би сакал Одделот за внатрешна контрола во рамки на МВР да утврди како е точно постапено и што е точно преземено и за сите овие детали ќе информираме дополнително – изјави Тошковски.






Тој рече дека не би сакал денот да ги обременува со настани поврзани со внатрешното работење на МВР, а не се однесуваат на делот на загрозување на изборниот процес.

Претходно коалицијата Вреди, на прес-конференција обвини дека началникот на Секторот за внатрешни работи во Тетово, Шефик Бајрами продолжува да работи незаконски, и денеска од СВР Тетово го избркал советникот на министерот за внатрешни работи, кој со допис бил поставен од министерот да биде дел од штабот на СВР-Тетово.

Прашан во однос на обвинувањата од коалицијата Вреди за полнење кутии во Липково, Тошковски рече дека таков настан, до моментот на напуштање на оперативниот штаб, формално не е евидентиран.

Поврзани содржини