КОНСТАТИРАНИ СЕ МАЛИ ПРЕКРШУВАЊА Уверени сме дека граѓаните ќе ја поддржат европската иднина, рече Кузеска
Ги очекуваме изборните резултати и уверени сме дека граѓаните денеска и на 8 мај ќе ја поддржат евроспката иднина за Македонија. Иднина во којашто Македонија е дел од европското семејство и горда членка на Европската унија – изјави Кузеска.
Денеска имавме навистина демократски изборен ден. Гласањето се одвиваше во фер и демократска атмосфера, рече портпаролката на изборниот штаб на кандидатот за претседател Стево Пендаровски, Богданка Кузеска.
– Граѓаните својата волја ја изразија слободно и достоинствено како што доликува на земја членка на НАТО и почнати преговори за членство во ЕУ. Констатирани се неколку многу мали прекршувања на изборниот процес кои ги сметаме за исклучоци – рече Кузеска.
Таа изрази благодарност до сите граѓани кои денеска го искористиле своето право и го дале својот глас.
– Ги очекуваме изборните резултати и уверени сме дека граѓаните денеска и на 8 мај ќе ја поддржат евроспката иднина за Македонија. Иднина во којашто Македонија е дел од европското семејство и горда членка на Европската унија – изјави Кузеска.