СЛУЧАЈОТ КОЈ ПРЕД ДВЕ ГОДИНИ ГО ПОТРЕСЕ БАЛКАНОТ ДОБИ РАЗРЕШНИЦА Силувачите на девојче од Косово добија казна
Според досието на обвинителот, обвинетиот Д.Р., 23 години, е осомничен дека на 21.06.2022 година околу 08.00 часот извршил обљуба на 11-годишното девојче. Овој 23-годишник контактирал со девојчето преку социјалната мрежа Вибер, имале средба на локација во Приштина, а потоа ја испратил во мотел.
Основниот суд во Приштина ги осуди на вкупно 62 години затвор обвинетите за силување на 11-годишно девојче. Случајот со силувањето во август 2022 година го потресе Балканот. Собири беа организирани во Приштина и во Скопје во знак на протест за силувањето за кое тогаш се пишуваше дека траело цели седум часа, а за кое првично беа обвинети пет лица.
Беше откриено и дека девојчето било силувано претходно, во јуни истата година.
Судот во Приштина соопшти дека шест лица се осудени на збирна казна од 62 години:
„Обвинетите Б.Р., Д.Р., Б.С., М.С., Ф.С., М.Р. се прогласени за виновни и осудени, бидејќи сториле кривично дело силување, па обвинетиот Б.Р е осуден на дванаесет години затвор, додека обвинетите Д.Р., Б.С., М.С., Ф.С. и М.Р се осудени на по десет години, секоја посебно“, се вели во соопштението на судот.
Меѓу обвинетите има и тројца кои беа ослободени од обвиненијата.
Шестмината казнети се товарат за трговија со луѓе, сексуални услуги и силување на 11-годишно девојче. Според досието на обвинителот, обвинетиот Д.Р., 23 години, е осомничен дека на 21.06.2022 година околу 08.00 часот извршил обљуба на 11-годишното девојче. Овој 23-годишник контактирал со девојчето преку социјалната мрежа Вибер, имале средба на локација во Приштина, а потоа ја испратил во мотел.
Обвинителството се сомнева дека истото лице сторило кривично дело силување. За Д.Р., освен сомнение за силување, обвинителството тврди дека истото лице по врската со 11-годишното девојче договорило средба на жртвата со други лица Б.С и Г.С за нејзина понатамошна сексуална експлоатација. Д.Р. е осомничен и за трговија со луѓе.
Осомничените Г.С. и Б.С. се обвинети за сексуална злоупотреба на малолетничка на 21.06.2022 година. Тие ја испратиле малолетничката во мотел каде што имале сексуални односи со неа. Овие мажи, на возраст од 25, односно 26 години, се осомничени за сексуална трговија со луѓе.
Обвинетиот Ф.С е осомничен дека истиот ден ја нападнал малолетничката во мотел. Најпрво од досието на обвинителот произлегува дека 22-годишникот преку социјалните мрежи контактирал со девојчето, а потоа се сретнале и продолжиле во мотелот.