ДОЈАВА ЗА БОМБА ПРЕДИЗВИКА ПАНИКА ВО ДАНСКА Евакуиран аеродромот во Билунд

Аеродромот Билунд е вториот по големина аеродром во Данска. Се наоѓа во близина на седиштето на компанијата „Лего“ и паркот „Леголенд“. 

161

Аеродромот во данскиот град Билунд денеска е евакуиран по дојава за поставена бомба. Во инцидентот, еден маж е уапсен, соопшти данската полиција.

Летовите на аеродромот се во прекин. На веб-страницата на аеродромот се наведени неколку откажани летови кои требаше да се реализираат попладнево – до Амстердам, Франкфурт и до Барселона.






Полицијата се обидува да утврди дали има поврзаност меѓу дојавата за поставена бомба и експлозијата на банкомат во Билунд изутрината.

Аеродромот Билунд е вториот по големина аеродром во Данска. Се наоѓа во близина на седиштето на компанијата „Лего“ и паркот „Леголенд“.

Поврзани содржини