ВРАБОТЕНА ВО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ НАТЕПАЛА УЧЕНИК Сè повеќе малолетници жртви на физички напади

Ова е еден од четирите случаи  пријавени во полиција во изминатите два дена во кои жртви на физички напади се малолетници.

525

Малолетник од Скопје во основното училиште во кое што учел бил физички нападнат од вработена во училиштето. Мајката на детето го пријавила случајот во полиција. Ова е еден од четирите случаи  пријавени во полиција во изминатите два дена во кои жртви на физички напади се малолетници. Три од нив се случиле во училиште.

„На 19.04.2024 во 13.58 часот во СВР Скопје, С.Ј.(36) од Скопје пријавила дека во основното училиште во кое учел, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од вработената И.Н.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.






На 19.04.2024 во 21.30 часот во СВР Скопје, Х.В.В.(36) од Скопје пријавила дека во периодот од 17.30 до 19.00 часот во двор на основно училиште во с.Јурумлери, скопско, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 19.04.2024 во 19.30 часот во СВР Куманово, Ф.С.(45) од Куманово пријавил дека околу 13.45 часот пред средно училиште во Куманово, неговиот малолетен син бил физички нападнат од Ф.О. и уште три лица, кои употребиле и остар предмет и му нанеле повреда. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“ – информираат од МВР.

Четвртиот напад на малолетници се случил денеска во Градскиот парк во Скопје.

„Денеска (20.04.2024) во СВР Скопје, А.Ј.(49) и Г.М.(50), двајцата од Скопје, пријавиле дека  околу 22.55 часот во Градски парк во Скопје, неколку лица со закана од нивните малолетни синови одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“ – стои во известувањето од МВР.

Поврзани содржини