ЛАЖЕШ ЗЛАТО, ЛАЖЕШ ДУШО Романска партија ќе си ги тестира членовите на полиграф

Тоа ќе послужи како „тест за интегритет“ за да се прикаже посветеноста на партијата кон транспарентност пред електоратот, истовремено испитувајќи ја лојалноста на нејзините членови, изјавил портпаролот на партијата Алијанса за обединување на Романците (АУР), Дан Танаса.

457

Локалните лидери и потенцијалните кандидати од екстремно десничарската партија Алијанса за обединување на Романците (АУР), во Романија, ќе треба да се тестираат на полиграф за да ја потврдат нивната лојалност кон партијата пред изборите на 9 јуни, пишува Еурактив.

Според портпаролот на партијата, Дан Танаса, локалните лидери и кандидатите се очекуваат во Букурешт на полиграфски тестови, а првиот ќе биде спроведен во понеделник.






Тоа ќе послужи како „тест за интегритет“ за да се прикаже посветеноста на партијата кон транспарентност пред електоратот, истовремено испитувајќи ја лојалноста на нејзините членови, изјавил Дан за романската ТВ Б1 во понеделникот наутро.

– Кога одите во војна, треба да обезбедите тимска кохезија – објаснил Танаса.

Предлогот за спроведување на такви тестови дошол од Националната канцеларија за управување, открил во неделата лидерот на партијата Џорџе Симион.

„Планирам да ги посветам барем следните две недели на патување низ земјата, средба со сите наши кандидати и потврдување на нивните акредитиви за да спречам какви било потенцијални непријатности“, рекол Симион на социјалните мрежи.

Симион ја минимизирал загриженоста околу иницијативата.

„Според моето искуство, оние кои покажуваат страв, неподготвеност или отпор обично се предавници, поединци кои се покажуваат како несигурни во моменти на потреба“ додал тој.

Според Симион, тестовите за детектор на лаги ќе помогнат да се идентификуваат потенцијалните „инфилтратори“, вклучително и оние кои се поврзани со разузнавачките служби.

„Едноставно не можеме директно да ја побараме нивната службена картичка“, елаборирал водачот нa АУР.

Одлуката доаѓа во време на контроверзност во која е вклучен еден од основачите на АУР, Мариус Лулеја, кој е суспендиран поради несогласување со предлогот на Симион да го поддржи Козмин Гуша, поранешен член на Социјалдемократската партија (ПСД ) и медиумски магнат, чија кандидатура за градоначалник на Букурешт предизвика немири во партијата.

Лулеја јавно го критикуваше Гуша и ја потврди поддршката на АУР за Михаи Еначе, назначениот кандидат на партијата во 2023 година.

– Забелешките на г. Лулеа беа неумесни… тој е суспендиран, но не и исклучен од партијата – рекол Танаса во понеделникот.

Поврзани содржини