„ПРЕПОРАЧАА ПРИЕМ НА КОСОВО, ТОА НЕ Е ДРЖАВА“ Дачиќ реагира, „денеска е ден на срамот за Советот на Европа“

Денеска е ден на срамот во Парламентарното собрание на СЕ. Првпат во историјата се препорачува членство на нешто што не е држава и кое не ги исполнува основните услови во доменот на човековите права и слободи, изјави српскиот вицепремиер и министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ.

1,053

По веста дека Парламентарното собрание го усвои предлогот за прием на Косово во Советот на Европа (СЕ), со реакција се огласи српскиот вицепремиер и министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, кој изјави дека „денеска е ден на срамот за Парламентарното собрание на СЕ бидејќи првпат во историјата е препорачано членство на нешто што не е држава и кое не ги исполнува основните услови во доменот на човековите права и слободи, јави дописникот на МИА од Белград.

„Денеска е ден на срамот во Парламентарното собрание на СЕ. Првпат во историјата се препорачува членство на нешто што не е држава и кое не ги исполнува основните услови во доменот на човековите права и слободи. Напротив, веќе 11 години одбива да формира Заедница на српски општини, што е негова меѓународна обврска, и спроведува политика на терор врз српскиот народ и етничко чистење“, се наведува во изјавата на Дачиќ што ја соопшти неговиот кабинет.






Во неа се додава дека „со оваа одлука, наметната од силата на меѓународните моќници, се поткопуваат темелите на Советот на Европа и меѓународниот правен поредок“.

„За кој принцип на заштита на територијалниот интегритет ќе продолжат да зборуваат кога го нарушија територијалниот интегритет на Србија?“, прашува Дачиќ во реакцијата, порачувајќи дека „ќе ја продолжат нивната борба со сите сили и дека ќе се борат оваа одлука да не биде донесена на Комитетот на министри на 16 мај“.

Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) денеска го поддржа приемот на Косово во членството на Советот на Европа и го повика Комитетот на министри да донесе таква одлука.

Предлог-мислењето за барањето на Косово за членство, со кое се препорачува прием на Косово во Советот на Европа на денешната седница во Стразбур, го поддржаа 131 пратеник, а 29 гласаа против.

Поврзани содржини