ПРВА ПОРАКА НА КЕЈТ МИДЛТОН ОТКАКО СООПШТИ ДЕКА ИМА РАК Еве на кого се обрати принцезата од Велс
Кејт Мидлтон повторно се огласи, што може да се протолкува како нејзино прво јавно огласување откако на 22 март со емотивна видеопорака објави дека боледува од рак, иако и по веста за дијагнозата се заблагодари за пораките за поддршка што ги добила.
Кејт Мидлтон повторно се огласи, што може да се протолкува како нејзино прво јавно огласување откако на 22 март со емотивна видеопорака објави дека боледува од рак, иако и по веста за дијагнозата се заблагодари за пораките за поддршка што ги добила.
Таа упатила заедничка порака со својотт сопруг, принцот од Велс, кој денеска, три месеци откако беше подложена на голема операција на абдоменот во болница во Лондон, објави што ќе биде неговиот прв официјален ангажман, по објавувањето на деталите за нејзината здравствена состојба. Принцот сподели со јавноста кога и каде ќе се врати на должностите.
Поводот Кејт Мидлтон да се огласи беше трагедијата во Синдеј пред неколку дена, кога шест лица беа убиени, а 12 беа повредени во нападот со нож во трговскиот центар, на плажата во областа Бонди.
We are shocked and saddened by the terrible events in Sydney earlier today. Our thoughts are with all those affected, including the loved ones of those lost and the heroic emergency responders who risked their own lives to save others. W & C
— The Prince and Princess of Wales (@KensingtonRoyal) April 13, 2024
„Шокирани сме и тажни од ужасните настани во Сиднеј порано денес. Нашите мисли се со сите погодени, вклучувајќи ги и најблиските на изгубените и хероите работници од итните служби кои ги ризикуваа своите животи за да спасат други. К и В“, гласи пораката на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам објавена на социјалната мрежа Икс, поранешен Твитер.
Пораката била потпишана со иницијалите на парот, додека нејзиното огласување минатиот месец со фотографијата за Денот на мајката (10 март) го носеше само нејзиниот потпис.