📷 БРЕДЛИ КУПЕР И ЏИЏИ ХАДИД СТРАСНО СЕ БАКНУВААТ ВО РЕСТОРАН Актерот и манекенката повеќе не ја кријат врската

Холивудскиот актер Бредли Купер и манекенката Џиџи Хадид повеќе не ја кријат својата врска, а во текот на вечерата со пријателите во четвртокот во Њујорк биле снимени како разменуваат бакнежи.

425

Холивудскиот актер Бредли Купер и манекенката Џиџи Хадид повеќе не ја кријат својата врска, а во текот на вечерата со пријателите во четвртокот во Њујорк биле снимени како разменуваат бакнежи.

Парот бил забележан како се смее и се бакнува додека седеле еден до друг во популарниот ресторан „Виа Карота“. Заедно со нив биле и пријателот на Хадид, Тан Франс и неговиот колега Антони Поровски. Се чини дека поводот за излегувањето била прославата на 40-от роденден на Поровски.

 







Се верува дека парот започнал да се забавува во октомври, а дури во јануари решија да ја потврдат врската. Тие потоа беа фотографирани како се држат за раце во Лондон.

Парот долго време се обидуваше да ја сокрие врската, а еден период се гледаше во тајност во куќата на Роуд Ајленд која е во сопственост на нивната пријателка, пејачката Тејлор Свифт.

Инаку, Џиџи Хадид со поранешното момче Зејн Малик ја има тригодишната ќерка Каи, додека Бредли Купер со поранешната партнерка Ирина Шајк ја има шестгодишната ќерка Леа де Сејн.

Џиџи претходно ја поврзуваа со Леонардо Дикаприо, но тие никогаш не ја потврдија врската.

ФОТО: Инстаграм/X

Поврзани содржини