БРЕДЛИ КУПЕР И ЏИЏИ ХАДИД ТАЈНО СЕ ВЕНЧАЛЕ? Новите фотографии од Париз ги разгореа гласините за славниот пар

Џиџи Хадид и Бредли Купер беа фотографирани со слични прстени на левата рака, а социјалните мрежи веднаш беа преплавени со прашања дали двојката веќе стапила во брак.

42

Романтичната врска меѓу супермоделот Џиџи Хадид и актерот Бредли Купер повторно е во центарот на вниманието. Причината се најновите фотографии направени во Париз, на кои се гледаат двајцата како шетаат држејќи се за рака, а вниманието на јавноста го привлекоа прстените што ги носат на левиот домал прст.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by curators of pop culture (@deuxmoi)






Иако ниту Џиџи, ниту Бредли не потврдиле дека се венчале, обожавателите веднаш почнаа со шпекулации. Дел од нив на социјалните мрежи коментираат дека прстените изгледаат како венчални бурми, додека други веруваат дека станува збор за симбол на нивната сериозна врска.

Дополнителен сомнеж предизвика фактот што прстенот на Купер е идентификуван од некои модни набљудувачи како модел што производителот го продава токму како венчален прстен. Тоа беше доволно за интернетот да започне вистинска детективска истрага околу статусот на нивната врска.

Џиџи и Бредли се во врска од 2023 година и досега успеаја голем дел од романтиката да ја задржат далеку од јавноста. Хадид ретко зборува за приватниот живот, но во интервју за „Вог“ нивната врска ја опиша како многу романтична и среќна. Во меѓувреме, тие сè почесто се појавуваат заедно на јавни настани, а неодамна присуствуваа и на свадбата на Тејлор Свифт и Тревис Келси.

Засега нема официјална потврда дека двојката се венчала. Претставниците на двајцата не одговориле на медиумските прашања, па приказната останува во доменот на шпекулациите.

Поврзани содржини