📽️ ПОВТОРНО БУКНА ЛАВА ВО ИСЛАНД Вулканската фаза на земјата може да трае со децении?
На околу 4.000 жители на градот Гриндавик им беше дозволено да се вратат во своите домови пред околу еден месец, откако ерупцијата во јануари, кога магмата се прошири во градот, уништи три домови. Повеќето од нив избраа да не се вратат.
Нова голема ерупција на вулкан ги вознемири Исланѓани, овојпат на полуостровот Рејкјанес кај градот Гриндавик. Прогласена е вонредна состојба на југот на земјата. Според геофизичарот Магнус Туми Гудмундесн ова е веројатно најсилна, четврта по ред, ерупција откако вулканот се активираше лани на 8 декември. Исланд влегува во вулканска фаза која би можела да трае со децении, предупредуваат научниците. Седум ерупции се случија од 2021 година, пишува Би-Би-Си.
Во меѓувреме, лавата што се движи кон запад се движи во правец на Сината лагуна и геотермалната централа, која обезбедува топла вода за поголемиот дел од полуостровот Рејкјанес.
Сината лагуна, која е една од најпопуларните туристички атракции, е затворена до понатамошно известување како мерка на претпазливост. Имаше меѓу 500-600 луѓе во областа кога се случи ерупцијата во саботата. Исчистени се и меѓу пет и десет домови во Гриндавик.
❗🌋🔥🇮🇸 – Another incredible video of the eruption tonight in Iceland.
Lava creeping towards the city of Grindavik right now. You can see how fast it is flowing. pic.twitter.com/jGiihnXfIZ
— 🔥🗞The Informant (@theinformant_x) March 17, 2024
На околу 4.000 жители на градот им беше дозволено да се вратат во своите домови пред околу еден месец, откако ерупцијата во јануари, кога магмата се прошири во градот, уништи три домови. Повеќето од нив избраа да не се вратат.
Исланд има 33 активни вулкански системи и се наоѓа над она што е познато како Средно-атлантскиот гребен, границата помеѓу две од најголемите тектонски плочи на планетата.
Последен пат на полуостровот Рејкјанес бил период на вулканска активност пред 800 години – а ерупциите траеле со децении. Сега научниците стравуваат дека може да се повтори истиот феномен.