📷 СЕЛИН ДИОН СЕ ПОЈАВИ ВО ЊУЈОРК И СИТЕ ГЛЕДААТ ВО ОВИЕ ФОТОГРАФИИ Пејачката две години се бори со неизлечива болест

Пред две години соопшти дека боледува од неизлечива невролошка болест и оттогаш ретко се појавува во јавноста.

357

Славната пејачка Селин Дион неодамна се појавила во Њујорк, еден месец откако се појави на доделувањето на наградите Греми во Лос Анџелес. Пред две години соопшти дека боледува од неизлечива невролошка болест и оттогаш ретко се појавува во јавноста.

Музичката ѕвезда со насмевка ги поздравила папараците, а овојпат немала ниту тронка шминка на лицето.

 






 

View this post on Instagram

 

A post shared by Celine Dion♥ (@mundo_da_celine)


Во 2022 година, Селин Дион објавила дека боледува од ретко невролошко нарушување кое предизвикува парализирање на една личност.

– Иако ми се крши срцето, најдобро е да откажеме сè додека навистина не бидам спремна да се вратам на сцената. Не се откажувам… И едвај чекам повторно да ве видам! – изјави во мај минатата година по повод откажувањето на турнејата.

Пејачката објаснила дека нарушувањето предизвикува грчеви во мускулите и дека тоа „не ѝ дозволува да ги користи гласните жици и да пее како што само таа умее“.

 


Светската турнеја „Courage“ (Храброст) ја започна во 2019 година, одржала 52 настапи пред пандемијата ковид-19 да ја прекине таа низа. Подоцна ги откажа концертите во Северна Америка поради здравствени проблеми, па го одложии е вропскиот дел од турнејата.

– Кога велам дека сум среќна што сум тука, навистина го мислам тоа од срце. Оние кои беа доволно благословени да бидат тука на Греми никогаш не смеат да ја земаат здраво за готово огромната љубов и радост кои музиката ги носи во нашите животи и во животите на луѓето ширум светот – рече Дион на доделувањето на наградите Греми.

Пејачката на сцената се појави со најстариот син Рене Чарлс – Анџели (22), кој го доби во бракот со Рене Анџели. Плод на таа љубов се и близнаците Нелсон и Еди (13).

Сопругот на Селин Дион почина во 2016 година од рак на грлото.

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини