СВЕТСКИОТ ПРВАК ВО ШАХ ЖИВЕЕ ВО САД Русија го прогласи Каспаров за терорист

718

Руските власти го додадоа името на поранешниот повеќекратен светски шаховски првак и политички активист Гари Каспаров на списокот „терористи и екстремисти“.

Каспаров е долгогодишен противник на рускиот претседател Владимир Путин, а последните десет години живее во САД.






Каспаров ја напушти Русија во страв дека може да се соочи со судски процес во 2013 година и од САД продолжува да биде жесток критичар на Путин и на руската агресија врз Украина.

Каспаров во 2022 година веќе беше прогласен за „странски агент“, термин кој руските власти го користат за своите противници, новинари и борци за човекови права.

Поврзани содржини