📽 ЛУКА ДОНЧИЌ СИ СЕ ПОЧЕСТИ ЗА РОДЕНДЕН Издоминира, победи и го надмина Леброн Џејмс

Лука Дончиќ на својот 25-роденден го постигна 39-тиот трипл-дабл со 30 или повеќе поени со што го потисна легендарниот Леброн Џејмс на третото место на вечната листа во НБА. Пред Дончиќ останаа Оскар Робертсон со 106 и Расел Вестбрук со 48.

752

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ одигра уште една импресивна партија во дресот на Далас маверикс. Дончиќ блесна на теренот на својот 25 роденден! Во победата на Далас против Торонто (136:125), Дончиќ го забележа својот 11-ти трипл-дабл сезонава. Натпреварот го заврши со 30 поени, 16 асистенции и 11 скока.

Така, Лука Дончиќ стана првиот играч во НБА кој постигна трипл-дабл со 30+ поени на својот роденден.







Тоа беше неговиот 39-ти трипл-дабл со 30 или повеќе поени со што го потисна легендарниот Леброн Џејмс на третото место на вечната листа во НБА. Пред Дончиќ останаа Оскар Робертсон со 106 и Расел Вестбрук со 48 трипл-дабл остварувања со +30 поени.

-Да, среќен сум, ама сега одам да се одморам – со насмевка рече Лука Дончиќ по роденденскиот настап.

 

Поврзани содржини