📽️ „НА КОЈ НЕ МУ Е ТУКА РАБОТНОТО МЕСТО, ВЕДНАШ ДА СИ ОДИ! КАФЕ ЛИ ПИЕТЕ!?“ „Командант“ Џафери ги искара вработените во СВР Тетово

Џафери ја праша службеничката каде се документите за потврдата, таа беше збунета, па ѝ одговори: „20 години сум поминал во војска, 22 години сум во Собрание и знам што е барањето и потребата. Каде ви е барањето на колегата дека му треба потврда?“, рече Џафери, а службеничката му возврати: „Не ве разбирам“.

4,837

Техничкиот премиер Талат Џафери денеска престојуваше во Тетово, а го посети и Секторот за внатрешни работи, каде на висок тон ги критикуваше вработените кои беа собрани повеќемина во една просторија.

Тој ги запраша присутните колкумина работат во канцеларијата при што доби одговор дека станува збор за седуммина.






Џафери ја праша службеничката каде се документите за потврдата, таа беше збунета, па ѝ одговори: „20 години сум поминал во војска, 22 години сум во Собрание и знам што е барањето и потребата. Каде ви е барањето на колегата дека му треба потврда?“, рече Џафери, а службеничката му возврати: „Не ве разбирам“.

– Затоа што не ме разбирате, тој кажува дека му треба потврда финансиска, а не му треба. Ни ти, ни тој не кажувате тоа што треба. Јас знаеш колку такви потврди сум потпишал за седум години во Собрание? Он не треба да дојде овде, треба да поднесе таму кај што треба, а ти ќе го повикаш и ќе дојде – рече Џафери алудирајќи дека не му ја говорат вистината.

Се чини дека техничкиот премиер не беше задоволен од посветеноста на вработените во овој сектор.

Тој не се двоумеше со гласни тонови да ги критикува вработените во овој сектор.

– Каде е вашето работно место?

– Работам во полициска станица.

– Да, што правиш овде?

– Дојдов по потврда.

– Овде немаш официјална работа. Дојдовте да пиете кафе. Кој не е тука веднаш нека си оди – рече Талат Џафери.

Поврзани содржини