СЕ СООЧУВАМЕ СО СОПКИ НА СИТЕ СТРАНИ, А ВЕБ-СТРАНИЦАТА НЕ НИ РАБОТИ Оваа трка не е чиста од самиот старт, вели кандидатката Билјана Ванковска

Се соочуваме со непринципиелни сопки, апелираме и укажуваме, ако треба и порешително ќе настапиме пред јавноста, кога ќе забележиме дека постои нешто што се вика саботирање на процесот пред вистински да започне.

316

Уште на првиот ден од рокот за собирање потписи за кандидатура за претседателските избори се соочуваме со опструкции, недоследности и неправилности во постапката – изјави

кандидатката на Левица за претседател на државата Билјана Ванковска на денешната прес-конференција.






– Ние уште вчера апелиравме дека во неколку подрачни единции на Државната изборна комисија (ДИК) во разни локални средини пристапот до канцелариите е отежнат, особено за лица со инвалидитет, повозрасни и слично, таква е ситуацијата во Штип. Ние подготвивме барање, приговор до ДИК кој веднаш ќе го поднесеме. Таква е слична ситуацијата дури и во општината Карпош каде по еден така нагорен пат, по едни скалички треба да се искачат граѓаните, прво тешко е да се најде локацијата, но кога ќе се најде има скали кои се тешки за граѓаните кои имаат проблем. Добив информација дека токму во Карпош, во подрачната единица, снемало струја и сега ние треба да веруваме дека тоа е случајно – изјави Ванковска.

Таа информираше дека од утрово не работела нејзината официјална веб-страница.

– Нашата извонредна веб-страница располага со сите податоци, интерактивна е, но таа од утрово не работи. Едната верзија би била дека има многу интерес за Ванковска, па сите кликаат, камо среќа да е така, но другата верзија вели дека ботови веќе почнале намерно да кликаат за да ја оневозможат. Ние сме решени да одиме и по потешкиот пат, тука сметаме на вашата помош во смисла на пренесување на овие сопки кои сметаме дека се непринципиелни затоа што ние се уште не сме никаква закана, а ако некој веќе ме чувствува како закана треба да се запраша јавноста зошто е тоа така – подвлече таа.

Ванковска pосочи дека Државната изборна комисија немала слух за потребите на помалите политички субјекти.

– Се соочуваме со непринципиелни сопки, апелираме и укажуваме, ако треба и порешително ќе настапиме пред јавноста, кога ќе забележиме дека постои нешто што се вика саботирање на процесот пред вистински да започне. Накусо, подговени сме да се соочуваме со мал милион проблеми и за таа цел и како пркос ние очекуваме граѓаните навистина да покажат авантуристички политички дух да ни дадат еднаква можност да се презентираме себе си со нашите програми, знаења и визии, затоа што играме во една трка која нема да биде чиста и не е чиста од првиот ден – рече Ванковска.

 

 

Поврзани содржини