КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА ЌЕ ПОДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД 910 ДЕНАРИ БРУТО ПО АКЦИЈА Акционерите треба да дадат согласност на 27 март

Банката, според одлуката за распределба на нераспределената добивка , која исто така е на дневен ред на собранието на акционери. планира за дивиденда да распредели  2.073.950.970  денари.

3,484

Комерцијална банка планира да подели дивиденда во висина од 910 денари бруто по обична акција., но за тоа треба да одлучи собранието на акционери закажано за 27 март.

Одлуката  за распределбата на нераспределената добивка до 31.12.2023 година, ја донесе Надзорниот одбор на Банката на пред три дена. и е објавена на Македонска берза како точка на дневен ред на петстојното собрание на акционери.






Според одлуката, висината на дивидендата по акција се определува во  бруто-износ од 910 денари ( 819 денари нето), односно 91,0 % во однос на номиналната вредност од 1.000 денари.

Датумот на евиденција според кој ќе се определи листата на акционери кои имаат право на дивиденда за 2023 година, е 11.04.2024 година, а  последен ден на тргување со право на дивиденда за 2023 година е 08.04.2024 година.

Исплатата на дивиденда за 2023 година ќе започне на 25април, а дивидендата ќе се исплатува во готово.

Банката, според одлуката за распределба на нераспределената добивка , која исто така е на дневен ред на собранието на акционери. планира за дивиденда да распредели  2.073.950.970  денари. Во резерва ќе распредели 1.377.482.383, додека  130 милиони денари ќе остави инвестициски вложувања – реинвестирана добивка која Банката ќе ја користи во 2024 година

Во 2023 година банката има нераспределена добивка од вкупно  3.581.433.353 денари.

Поврзани содржини