НЕПРИМЕРНО ЕТИКЕТИРАЊЕ И ДИСКРИМИНИРАЊЕ НА МЕДИУМИТЕ Агенцијата за медиуми ги осуди изјавите на Ковачевски

Агенцијата потсетува дека е неопходно да се почитуваат стандардите и ги повикува политичарите да се воздржат од употреба на јазик со којшто се дискредитираат медиумите.

249

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро ја осудува изјавата на претседателот на политичката партија СДСМ Димитар Ковачевски со која обвини медиуми дека самите се продале и уште сега се продаваат“ и се ставаат во функција на една политичка партија.

„Политичарите треба да бидат свесни за одговорноста што ја имаат и наместо да се служат со непримерна комуникација, треба да покажат највисоко ниво на почитување на новинарската професија и на еден од клучните столбови на демократијата – медиумите. Етикетирање на медиуми, особено во чувствителни периоди како предизборните, негативно се одразува на слободата на изразување и го нарушува достоинството на медиумските работници.






Потсетуваме дека е неопходно да се почитуваат стандардите и ги повикуваме политичарите да се воздржат од употреба на јазик со којшто се дискредитираат медиумите“ – се вели во реакцијата на АВМУ.

 

 

 

Поврзани содржини