ВМРО-ДПМНЕ БАРА ДА СЕ РАСЧИСТИ СЛУЧАЈОТ Полицаецот ќе биде отстранет од обезбедувањето на Мицкоски

995

По приведувањето на полицаецот Ивица Б., кој синоќа во кафуле во центарот на Скопје нападнал колега на должност, од опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат дека тој ќе биде отсранет од обезбедувањето лидерот Христијан Мицкоски.

Дел од медиумите претходно објавија дека полицискиот службеник бил шеф на обезбедувањето на лидерот на партијата Христијан Мицкоски, но од ВМРО-ДПМНЕ демантираат и велат дека тој е ангажиран како дел од обезбедувањето.






„Од она што ни е познато станува збор за лична нетрпеливост меѓу двајцата полициски службеници. Бараме органите, без заддршка да ги преземат сите потребни мерки за расветлување на настанот и најостро да казнат секaков вид на насилство, постапувајќи во согласност со законот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини