ГЛЕДАЈТЕ ГИ ВОЗАЧИТЕ ВО ОЧИ! Само така ќе бидете сигурни дека ќе ви запрат на пешачки, советува РСБСП

Кога преминувате на пешачки премин, не користете мобилен телефон или слушалки.

168

Децата се нашата иднина и грижата за нивната безбедност е секогаш на прво место. Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) континуирано спроведува активности за зголемување на безбедноста на децата во сообраќајот и потсетува дека и децата се рамноправни учесници во сообраќајот на патиштата. Токму поради тоа неопходно е децата да ги знаат и да ги почитуваат сообраќајните знаци, светлосната сигнализација и сообраќајните правила и прописи.

Во тек е второто полугодие од учебната година и зголемен е бројот на деца во близина на училиштата. Затоа РСБСП упатува апел до децата:






– преминувајте ја улицата само на обележан пешачки премин,

– воспоставете контакт со очи со возачите на возилата кои доаѓаат кон вас, за да сте сигурни дека сте забележани,

– почекајте додека не поминат сите возила пред да тргнете да ја преминете улицата, не зачекорувајте на коловозот сѐ додека не запрат возилата,

– кога преминувате на пешачки премин, не користете мобилен телефон или слушалки.

Истовремено, РСБСП на возачите им препорачува:

– бидете особено внимателни во близина на воспитно-образовни установи, детски игралишта и паркови,

– намалете ја брзината на возилото пред пешачки премин или крстосница,

– секогаш бидете подготвени да го запрете возилото кога се приближувате до пешачки премин или крстосница,

– кога запирате, запрете го возилото подалеку од пешачкиот премин за да им овозможите и на другите возачи јасно да ги видат децата кои поминуваат на пешачкиот премин, за да можат и тие навремено да ги запрат возилата.

Поврзани содржини