📷 БЕКИМ НЕЗИРИ, КОЈ СЕ ГОНИ ЗА УПАДОТ ВО М-НАВ, СМЕНЕТ ОД ПАРТИСКАТА ФУНКЦИЈА Уште еднаш се сликаше со Груби и Османи во штабот во Чаир

Незири, кој е под истрага за тешко дело против безбедноста во авиосообраќајот, до пред 10 дена беше во куќен притвор.

1,545

Партискиот функционер на ДУИ Беким Незири, кој е осомничен во предметот за насилен упад во Македонската навигација и физички напад врз контролор на летање, синоќа бил на партиски состанок на ДУИ во Чаир, заедно со поранешниот вицепремиер Артан Груби и со министерот за надворешни работи Бујар Османи. На овој состанок, според објавата на самиот Незири на Фејсбук, тој е сменет од функцијата претседател на партискиот огранок на ДУИ во Чаир.

Суат Алија, оперативниот секретар на огранокот Чаир, ќе раководи со штабот на огранокот Чаир! Почитувани членови, симпатизери и високо почитувани граѓани на Чаир, ве известувам дека на состанокот одржан вечерва, огранокот Чаир предложи и едногласно одобри на чело на Штабот на Чаир да биде Суат Алија, а заменик шеф на кабинет Бујар Османи и Артан Груби. Секретар на Штабот ќе биде Назим Буши, како и член на раководството на Штабот Ејуп Алими. Со овој избор, изборот на локалните шефови на кабинети, шеф на кабинет на Младинскиот форум и Секретаријатот за еднакви можности, полека се формира структурата на штабот и победничкиот тим. Посакувам од сè срце да имаме достоинствена кампања, да се натпреваруваме со конкретни програми и проекти и да го извојуваме најдоброто за граѓаните, што несомнено ќе биде ДУИ со нашиот лидер, лидерот на Албанците Али Ахмети!“ – напиша Незири на Фејсбук.






Незири, кој е под истрага за тешко дело против безбедноста во авиосообраќајот, до пред 10 дена беше во куќен притвор, Обвинителот од скопското Обвинителство, кој го води случајот за упадот во М-НАВ, бараше Незири да остане во куќен притвор, затоа што постои можност осомничениот да уништи траги, да влијае врз сведоци, а не е извршено ниту вештачењето на мобилниот и прибирањето други докази. Сепак, судија во претходна постапка донесе одлука за прекин на неговиот куќен притвор.

 

Поврзани содржини