ГРАД СКОПЈЕ ДОНИРА ТЕРМОС ИНСУЛИНСКИ ТОРБИЧКИ 300 деца со дијабет 1 ќе ги добијат преку Клиниката за детски болести

Иницијативата за набавка на термос инсулинските торби со фреон за деца до 18 години со дијагноза дијабет тип 1 покрената од Комисијата за унапредување на правата на пациентите на Град Скопје, се реализира како заедничка активност со Комисијата за социјална, детска и здравствена заштита при Советот на Градот, како дел на Програмата за активности од областа на социјалната, детската и здравствената заштита на Град Скопје.

186

Градот Скопје обезбеди термос инсулински торбички со фреон за 300 дечиња со дијабет тип 1, кои го олеснуваат складирањето и чување на инсулинот кој го користат на константна температура, соопштија од градската прес-служба.

„Подаваме рака на сите наши сограѓани кои се соочуваат со здравствени предизвици и правиме се во рамки на нашите можности да им го олесниме животот и секојдневното функционирање. Особено се грижиме за нашите најмлади, за децата, за да им го направиме детството што посигурно и побезгрижно. Токму тоа е целта на овој проект, да го олесниме животот на децата со дијабет, кои инсулинот соодветно ќе можат да го складираат во термос инсулинска торбичка со фреон“, се наведува во соопштението.






Иницијативата за набавка на термос инсулинските торби со фреон за деца до 18 години со дијагноза дијабет тип 1 покрената од Комисијата за унапредување на правата на пациентите на Град Скопје, се реализира како заедничка активност со Комисијата за социјална, детска и здравствена заштита при Советот на Градот, како дел на Програмата за активности од областа на социјалната, детската и здравствената заштита на Град Скопје.

„Подаваме рака на сите наши сограѓани кои се соочуваат со здравствени предизвици и правиме се во рамки на нашите можности да им го олесниме животот и секојдневното функционирање. Особено се грижиме за нашите најмлади, за децата, за да им го направиме детството што посигурно и побезгрижно. Токму тоа е целта на овој проект, да го олесниме животот на децата со дијабет, кои инсулинот соодветно ќе можат да го складираат во термос инсулинска торбичка со фреон“, се наведува во соопштението.

Ова е втора група на торбички кои ќе се дистрибуираат преку Клиниката за детски болести до крајните корисници.

Од името на Градот градоначалничката Данела Арсовска симболично ја додели оваа донација.

 

Поврзани содржини